СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ бега од соочување со граѓаните, затоа што во борбата со пандемијата беше на погрешната страна

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ нема став за ниту едно важно прашање, во што јавноста, по кој знае кој пат се увери, со спротивставените ставови на врвот на опозициската партија, во врска со вонредната состојба во земјата.

Имено, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски се заложи за продолжување на вонредната состојба во земјата, со што го демантираше својот шеф Христијан Мицкоски, кој пред само една недела рече 30 дена вонредна состојба биле доволни“, велат од СДСМ.

„Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ покажа крајно неодговорно и деструктивно однесување во клучните моменти од борбата против коронавирусот. Во таа борба ВМРО-ДПМНЕ беше на погрешната страна.

На почетокот на кризата тргнаа со потценување и исмевање на заканите по здравјето на граѓаните, па продолжија со секојдневните обиди за девалвирање на успешното справување со пандемијата со коронавирусот од страна на здравствените власти и ширење невистини и лажни вести, како таа дека во државата немало ниту 100 тестови, а илјадници граѓани се тестираа.

ВМРО-ДПМНЕ се свесни за ова и затоа бегаат од соочување со граѓаните. Затоа не сакаат функционално Собрание, ниту избори.

СДСМ ќе продолжи да се однесува одговорно и секој следен чекор ќе биде исклучиво во функција на сигурната иднина на граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар