СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ аздисува со парите на граѓаните, градоначалниците трошат милиони евра за партиски вработувања

Од:

„И во време на криза градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од расипничко трошење на парите на граѓаните. Само во пет општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ ќе се потрошат над 1,2 милиони евра за партиски времени вработувања. Во Скопје, 670 илјади евра, во Бутел 200 илјади евра, во Ѓорче Петров 133 илјади евра, во Карпош 75 илјади евра, во Гази Баба 160 илјади евра“, соопшти СДСМ.

„А токму овие градоначалници без трошка срам бараат пари од Владата предводена од СДСМ и се закануваат со некаква радикализација, а трошат илјадници евра на скапи телефони, чоколади и сокови.

Повеќе од 1,2 милиони евра се сериозни пари со кои може да реализираат важни проекти, пари со кои може да им се помогне на граѓаните и на јавните претпријатија во справувањето со последиците од кризата.

Но, на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ тоа не им паѓа на памет, бидејќи единствено се грижат за исполнување на лични потреби и целосна партизација на општините во кои раководат.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, оваа нереформирана партија останува симбол на криминал и расипништво“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски