СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години го погазуваше достоинството на лекарите

Од:

„Водејќи се од коруптивните и бизнис интереси и преку расипничкото, криминално и неодговорно владеење, ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги погазуваше лекарите и правата на пациентите. Поради тоа, годишно околу 200 доктори го напуштаа јавното здравство и заминуваа во странство или во приватниот сектор, со што здравствениот систем доживеа целосен крах.

За разлика од таквиот неодговорен однос кон лекарите и граѓаните, Владата предводена од СДСМ сериозно се зафати со решавање на наследените проблеми во здравството и активно работи на спроведување на мерките коишто обезбедуваат повисоки плати за лекарите, инвестиции во здравството и унапредување на здравствениот систем.

Доказ за тоа е што за здравствена заштита за 2018 година во Буџетот се предвидени 1,1 милијарда денари повеќе од минатата година“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста