СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше младите, денес преку сериозни политики се обезбедуваат подобри услови во студентските домови

Од:

11 години студентите беа игнорирани од страна на лицемерното ВМРО-ДПМНЕ кое денес глумизагриженост. 11 години на ВМРО-ДПМНЕ им беа приоритет задоволувањето на личните интереси и профити, наспроти потребите на студентите и обезбедувањето на пристојни услови во студентските домови, реагира СДСМ на изјавата на Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму таквиот игнорантски однос и негрижа кон младите е една од многуте причини зазаминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Владата предводена од СДСМ со сериозен и одговорен пристап веднаш тргна кон решавање на натрупаните проблеми со кои се соочуваат студентите и започна со обезбедување на пристојни услови во студентските домови.

Потврда за тоа е и донесената одлука за реконструирање на Студентскиот Дом „Стив Наумов“ и во целост ставање на функција сите 1221 легла во зградите 1,2 и 3.

Истовремено, Студентскиот центар заедно со Министерството за образование и наука и со Владата, интензивно работи на подобрување на условите и во другите студентски домови, вклучително реновирањето на блоковите В и Г во Студентскиот дом Гоце Делчев и опремување со мебел и промена на системот на греење во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу од мазут на еколошко и ефикасно греење согласно Планот за чист воздух.

По повеќе од 13 години, Студентскиот центар од презадолжена институција успеа да застане на здрави нозе и да работи во служба на студентите. Владата предводена од СДСМ, продолжува со спроведување и на сериозни младински политики кои го подобруваат животниот стандард намладите . Гаранцијата за млади со која илјадници млади имаат можност за доквалификација, платена пракса или вработување и Европската младинска картичка која ги намалува трошоците за живот на младите се само дел од мерките кои се во интерес на младите.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски