(ВИДЕО) Јаулески до власта: До каде е изградбата на студентскиот град на местото на „Стив Наумов“?

Две години како СДСМ е на власт, состојбата во студентските домови е катастрофална. Нема инвестиции, нема проекти, ништо од ветеното не е остварено. Наместо подобри услови, директорот на Државниот студентски центар – Скопје ветува дека ќе ги разеленува студентските домови, обвини Јован Јаулески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Господине Николовски на студентите поголем приоритет им е да ги опремите со мебел блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“ за да можат да се вселат 600 студенти, кои наместо во студентски цела година беа сместени приватно и плаќаа високи кирии. Две години двата реконструирани блока не можат да бидат пуштени во употреба затоа што на Николовски поважно очигледно му е нешто друго. Две години пристапите кон студенткиот дом Гоце Делчев се калливи и полни со ѓубре, студентите незнаат дали се наоѓаат во студентски дом или во Дрисла. Состојбата е лоша и во другите студентски домови, во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ топлата вода за туширање се исклучува после 20 часот, што е период во кој студентите се враќаат во домовите и не можат да се истушираат, затоа што на некој му текнало да ја исклучи водата. Додека најавуваат ново модерно мени, оброците се полни и зачинети со лебарки“, рече тој.

Тој ја прашува власта до каде е изградбата на студентскиот град на местото на „Стив Наумов“, кој требаше да има библитеки, читални, ресторани и фитнес центри.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов призна одговорност за неуспехот на СДСМ

A1on

(ВИДЕО) Лашкоска: Заев како министер за финансии ќе управува со над 10 финансиски институции, царина, финансиска полиција…

A1on

(ВИДЕО) Димовски: Огромен скандал е што МВР фалсификувале записник за да го спасат Курто Дудуш од одговорност

A1on

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги ограби граѓаните и докажа дека не може да донесе ниту подобар стандард

A1on

Димовски: Аболираниот Заев треба да се засрами во ширењето лаги, дезинформации и клевети

A1on

(ВИДЕО) Мицкоски: Парите директно ќе продолжат да одат кај Вицето, по покуса патека

A1on