СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше проблемите на граѓаните на Куманово

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Игор Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Неодговорно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да глуми загриженост за граѓаните на Куманово, кога токму оваа партија цели 11 години ги игнорираше проблемите и потребите на жителите на општина Куманово.

Граѓаните на Куманово ги препознаваат празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ и реалните политики на локалната власт предводена од СДСМ. Само во првите сто дена од мандатот, локалната власт предводена од градоначалникот Максим Димитриевски и СДСМ реализира над 40 инфраструктурни проекти со кои се подобрува животот на граѓаните на Куманово и преку кои се одржува континуитетот на одговорно раководење со општината.

За разлика од политиките на деструкции, блокади и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, како на централно, така и на локално ниво продолжува со спроведување на мерките што го унапредуваат квалитетот на живот и се во интерес на сите граѓани“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците