СДСМ: Влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ за ВМРО-ДПМНЕ било обесчестување, не, тоа е историскиот успех

Од:

„За ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ било обесчестување и обезличување на државата.

Не. Антизападните ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со историскиот успех на Македонија.
По години изолација, уназадување и поделби, Македонија денес е горда исправена, рамноправна со целиот демократски свет.

Потпишан е Протоколот за пристапување во НАТО, отворен е патот за почеток на преговори со ЕУ, обезбедена е сигурна и безбедна иднина за државата и нејзините граѓани.

Наспроти лагите на ВМРО-ДПМНЕ, согласно уставните измени и усвојувањето на Протоколот за пристапување во НАТО од страна на Грција, започната е реализацијата на точките од Договорот од Преспа и новото уставно име на државата кое ќе биде Република Северна Македонија.

Наместо празни обиди за да го девалвираат историскиот успех, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека се подготват за пораз на какви било избори“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни