СДСМ: ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ се фатени живи, потврдуваат дека информациите за скандалот со Гаши се точни

Од:

Нервозните реакции и напади кон СДСМ од страна ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ, само потврдуваат дека се што објави СДСМ во однос на скандалот на Гаши со земањето невеста од Косово е точно. Наместо да се обидуваат да манипулираат и го пренасочуваат вниманието, треба да одговорат на прашањата кои ги постави СДСМ и за кои јавноста бара одговори, велат од СДСМ.

„Пред да го објавиме целиот скандал, прашуваме уште еднаш – Кој дозволил приватни возила непречено да ја поминат границата без контрола заедно со Гаши? Кој бил во тие возила? Кој се возел од сватовите заедно со обезбедувањето во државните возила каде никој освен личното обезбедување на Претседателот не смее да се вози? Дали се спремни да ги декласифицираат и објават снимките од граничниот премин?

Ова се реалните прашања и одговори кои ги очекува јавноста, наместо политизирање. Им даваме 24 часа да ги објават сите детали кои ги кријат за овој случај, во спротивно ќе ги објавиме ние. Ги повикуваме да одговорат на прашањата кои се јавен интерес и да престанат да го обвинуваат СДСМ за своето самоволие“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски