СДСМ: Власта ветува нова Универзална сала уште од 2009 година

Од:

Најавите за реконструкција на Универзалната сала наидоа на критика и потсмев во СДСМ кои рекоа дека власта по кој знае кој пат ветува нов лик за салата. Тие потсетија дека уште во 2009 година градоначалникот Коце Трајановски и премиерот Никола Груевски, во предизборната кампања јавно ветиле нова Универзална Сала.

„Стана вообичаено, граѓаните пред секои избори да ги слушаат истите нереализирани ветување од актуелната власт. Срамота е, Владата која само до сега потроши повеќе од 350 милиони евра на “Скопје 2014“, после шест години да соопшти дека дури денес обезбедила 6,5 милиони евра за реконструкција на дотраената концертна сала.

– Ако Владата се откажеше од дел од спомениците, скапите огради или фонтаните, граѓаните одамна ќе имаа нова реконструирана Универзална Сала. Им порачуваме на граѓаните, да се подготват да ја слушаат актуелната власт со истите нереализирани ветувања од пред четири години, кои повторно ќе останат само лаги и големи разочарувања“ соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски