СДСМ: Власта создаде хаос и го врати македонското образование една деценија назад

Од:

Наместо вложувања во напредок, нашето образование е вратено деценија наназад, без никаква визија и решенија за унапредување на системот кој треба да биде влог во нашата иднина. Власта ги занемари најважните прашања поврзани со образованието, го остави како последна алка во општеството, рече на прес конференција Јованче Манасков од СДСМ.

– Секогаш кога ДПМНЕ е на власт, го руши дигнитетот и авторитетот на вработените во образованието. Власта има стотици милиони евра за нов авион ама нема пари за поголеми плати на наставниците. И по седум месеци од Владата на Мицкоски, нема ниту еден наставник ниту стручен соработник кој кариерно напредувал. Платите на наставнците се понижувачки.Тие се оштетени за над 4.300 денари од почетокот на учебната 2024/2025 година. Секојдневно се под притисок на заканувачките изјави на министерката за образование Весна Јанеска и ДПМНЕ дека има вишок од над 3.000 наставници.Нивниот статус е неизвесен заради безидејната образовна структура на ДПМНЕ и нивната неспособност за креирање на развојни мерки за современо образование, вели Манасков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Јаневска: Приватен институт работел во задна просторија на кладилница со два душеци

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски