СДСМ: Власта има Буџет од шест милијарди евра, а не сака да ги покачи платите на работниците

Од:

Власта на Мицкоски и ДПМНЕ има најголем Буџет во историјата од 6 милијарди евра а не сака да им покачи плати на работниците во јавниот сектор. Срамно и тажно е работниците да бидат принудени да протестираат барајќи нешто што го заслужиле. За што е тој буџет од 6 милијарди евра ако не за да се поддржат граѓаните и работниците? Очигледно за да се богатат функционерите на власт, за нивните плати, за коли, мебел, луксузирање на власта и задоволување на интересите на елитата, но не и за поголеми плати за работниците, велат од СДСМ.

„Системот за зголемување на платите, воспоставен од СДСМ е целосно напуштен од актуелната власт, што резултира со влошување на животниот стандард на работниците. Тоа го потврдуваат и последните податоци од Државниот завод за статистика кои покажуваат дека трошоците за живот се пораснати за 4,4% а цените на основните производи се зголемени за 4,3%. СДСМ е на страна на работниците и бара од Владата итно да преземе чекори за зголемување на платите во јавниот сектор“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?