СДСМ: Власта го претвори Скопје во кошмар

Од:

„Власта продолжува со безмилосното нагрдување на центарот на Скопје, со предлогот за нова, 40 метри висока административна зграда на Народната банка на плоштадот „Македонија“.Самоволието е одлика на оваа ненародна власт. Скопје е веќе се, само не е Град за кој сите сонувавме. Се претвори во кошмар, благодарение на семејството кое го води Градот и државата“, реагира СДСМ.

„Сега ќе никне нов објект во висина на зградите на „фамилијата“, за кои ги сменија сите детални урбанистички планови во општина Центар, меѓу кои и семејната куќа на Владимир Здравев, заклучно и Генералниот урбанистички план кој се уште е во нацрт.Со подигнувањето на десеткатница на единствениот останат отворен простор, скопјани ќе го изгубат централниот плоштад. Невкусот што го покажува власта во овој проект е доказ за нивната алчност и расипништво“, изјави Александар Наумовски.

СДСМ ја повикува Владата веднаш да ги запре сите планови за нови градби во центарот на Скопје, особено на плоштадот „Македонија“.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски