СДСМ: Власта е отуѓена од проблемите на народот

Од:

Владејачката партија денеска повторно демонстрираше отуѓеност од проблемите на народот, па наместо да одговара, таа повторно поставува прашања. За потсетување, СДСМ градеше капитални објекти, како изградба на Хидроелектрана Козјак и обиколницата на автопатот околу Скопје, коишто се во корист на сите граѓани и во правец на економскиот развој, велат од СДСМ.

– Она што не е јасно е зошто ВМРО-ДПМНЕ најмува приватна агенција да ја заштити својата пералница за пари, Скопје 2014, при тоа потценувајќи ја полицијата која е платена од граѓаните за да ги штити спомениците од евентуални оштетувања. Меѓутоа, за нас е сомнително зошто ДПМНЕ ги штити спомениците. Значи ли тоа дека и тие се свесни дека нивниот проект е забеган, па се плашат од сопствениот народ? Како и да е, Скопје 2014 останува најголемата пералница на пари на оваа забегана власт – велат од најголемата опозициска партија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот