СДСМ: Власт како досегашната на Груевски не смее да и се повтори на Македонија!

Од:

„Ќе има живот и ќе има правда во Република Македонија. Така одлучија над 612.000 граѓани од сите етнички заедници кои избраа промени. Граѓаните избраа промени бидејки на своја кожа ги почувствуваа злоупотребите и зло делата на власта на Никола Груевски.

Пред две години, точно од овој ден, кога беше објавена првата прес конференција од проектот Вистината за Македонија, граѓаните лично и слушнаа каква неодговорна, несовесна, криминална власт демнела врз нив и управувала со нивните животи, наместо да се грижи за нивните реални потреби.

Поради тоа 9 февруари 2015 година ќе остане светол датум во политичката историја на Македонија, но и во регионални и светски рамки, како порака дека нема бегање од вистината и дека не постои некој кој е недопирлив за правдата.

Чесни и храбри граѓани, на мирен и достоинствен начин, предавајки ги материјалите од скандалозното прислушување, ги симнаа маските на режимската власт. Огромно мнозинство одговорни граѓани со пенкало и глас на 11 декември избраа живот наместо режим.

Затоа, власт како досегашната на Никола Груевски не смее повеќе никогаш да и се повтори на Република Македонија.

Граѓаните избраа нова одговорна Влада и само таква влада носи живот за сите во Македонија и перспективи на државата“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски