СДСМ: Владината коалиција функционира беспрекорно кога треба да се скријат аферите

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски во неверојатна изјава за медиумите рече дека владината коалиција функционирала беспрекорно. Тој со тоа потврдува дека сите заеднички афери на коалициските партнери ДПМНЕ и Вреди не придонесуваат да се нарушат односите и тој ќе ги штити оние кои го кршат законот, велат од СДСМ.

„Толку беше од неговите гласни ветувања за политичка одговорност, сега беспрекорно ќе се штитат меѓусебно во кршењето на законите, своеволието и криењето на скандалите. Мицкоски наместо да биде коректор на лошите политики и однесување на функционерите во неговата коалиција, тој се постави како заштитник и промотор на ваквите политичари. Со оваа изјава, можеме да бидеме сигурни дека одговорност кај ниеден функционер нема да има, ниту кај оние од ВМРО-ДПМНЕ ниту кај коалициските партнери“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски