СДСМ: Владата уште во првите сто дена од мандатот ја зајакна меѓународната позиција на Република Македонија

Од:

„За само сто дена, Владата предводена од СДСМ преку конструктивна, посветена и одговорна работа ги унапреди меѓународните односи и ја врати државата на патот на евроатлантските интеграции.

Потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија, докажа дека Република Македонија може самостојно да ги решава отворените прашања со соседите, а решенијата да бидат во заемна корист и во заеднички интерес на граѓаните на двете држави.

На Самитот на Западен Балкан во Трст, во рамките на Берлинскиот процес, со поддршка на Европската Унија, Македонија активно учествуваше во иницијатива што ќе ја смени и економијата и живтниот стандард на граѓаните во земјите на регионот. Од изолирана и запоставена земја од Западен Балкан, Македонија се наметна како клучен регионален фактор што придонесува за целосна евроатлантска интеграција на регионот.

Воената вежба на Криволак, ја афирмираше НАТО апсирацијата на нашата држава и ги постави на ново рамниште односите со нашиот стратешки сојузник, Соединетите американски држави.

Бројните посети на светските метрополи од страна на владини и делегации на министерско ниво, ги подобруваат и унапредуваат билатералните и мултилатерални односи на Република Македонија и отвораат можности за влез на нови странски инвестиции, нови работни места, зголемен извоз и посилна меѓународна позиција.

Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски за лични криминални интереси ја изолираа државата и создаваа конфликти со соседите и меѓународната заедница. Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на остварување на национаниот интерес за полноправно членство во ЕУ и НАТО и да ја зајакнува меѓународната позиција на Македонија, што ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја поткопуваше“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата