СДСМ: Владата работи на унапредување на социјалната заштита и на подобрување и олеснување на животот на сите граѓани

Од:

„Преку конкретни чекори и мерки, Владата предводена од СДСМ ja унапредува социјалната заштита, го подобрува и олеснува животот на сите категории на граѓани.

До крајот на 2017 година ќе се заврши изградбата и опремувањето на тринаесет детски градинки со што се зголемува опфат за 682 дечиња до крајот на годината а оваа тенденција ќе продолжи и во 2018 година.

Дополнително, потпишани се договори за обнова на градинката 8-ми април во Шуто Оризари, се реконструира и се пренаменува објектот на поранешниот Пионерски дом во Куманово, којшто ќе прерасне во детска градинка.

Веќе од први септември градинките ќе започнат со двосменско работење со што се излегува во пресрет на потребите на семејствата и родителите, преку оолеснување и поедноставување на секојдневниот живот.

Се решава и деценскиот проблем на граѓаните стечајци кои не по сопствена вина останале без работа. Околу 3.000 граѓани месечно ќе добиваат по 7.596 денари, со што ќе се исправи децениска неправда кон оваа категорија на наши сограѓани.

Преку предложените измени на Законот за социјална заштита ќе се унапредат правата и на квалитетот на живеење на лицата со попреченост. Измените на Законот ќе овозможат и лицата со умерени пречки во менталниот развој да го остварат правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице врз основа на наод, оцена и мислење на стручен орган со кој е утврден видот и степенот на попреченост.

Ова се само дел од мерките со коишто се унапредува социјалната заштита и се подобрува животот на сите граѓани.

Владата предводена од СДСМ, како досега, така и во иднина ќе продолжи да работи чесно, транспарентно и единствено во интерес на граѓаните“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!