СДСМ: Владата предводена од СДСМ го рехабилитира здравството урнисано од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години го урнисуваше на целокупниот здравствен систем, го потценуваше трудот на лекарите и ги погазуваше правата на пациентите само за да се остварат нечии криминални интереси.

Како резултат на таквите криминални и расипнички политики, медицинскиот персонал масовно си заминуваше, граѓаните не добиваа квалитетни здравствени услуги, а здравството беше пред колапс.

Владата предводена од СДСМ со огромна сериозност и одговорност го започна процесот на рехабилитација на здравството кое што се наоѓаше во катастрофална состојба поради погубните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминатиот период интензивно се инвестира во осовременување на медицинската опрема, набавени се и 12 нови возила за итната помош, а направен е и одржлив план за изградба на нов клинички центар.

За да се обезбедат достојни услови за работа, за да се зголеми мотивацијата и ефикасноста, над 19 илјади вработени во здравствените установи добија покачување на платите за 5 отсто со исплата на септемвриската плата, а беа зголемен и надоместокот за прекувремена работа, дежурство и ноќен труд,.

Платите во здравството ќе продолжат да растат. Со предлог Буџетот за 2019 година , докторите специјалисти добиваат зголемување на платите за 10 отсто, почнувајќи веќе од јануари 2019 година, а останатиот медицински персонал добива повисоки плати за 5 отсто.

Со ваквите мерки се постигнува плата повисока од 90 илјади денари за специјалистите, со тенденција до крајот на наредната година таа да биде 100 илјади денари, онака како што беше ветено пред граѓаните, а се со цел вистински да се вреднува трудот на докторите и тиe да останат да работат во јавното здравство.

Со ова се потврдуваат заложбите на Владата предводена од СДСМ за поквалитетни здравствени услуги за пациентите, реално вреднување на трудот на лекарите и здравствените работници и унапредување на здравствениот систем“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања