СДСМ: Владата останува посветена на заложбите за повисоки плати за сите работници

Од:

„Претседателот на СДСМ и премиер на Република Македонија Зоран Заев, е одлучен и посветен на градењето социјална држава и фер и еднакво општество за сите, а грижата за стандардот на работниците останува врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ.

Поддршката од државата за домашните претпријатија претставува значаен поттик за менаџерите и сосптвениците на компаниите континуирано да ги покачуваат платите на работниците.

Единствено работници кои се почитувани, мотивирани и соодветно вреднувани можат да ја креираат економијата и да бидат нејзин двигател. Само така може да се обезбедат достоинствени работни места, пристојни плати и пензии, квалитетен живот и напредна и просперитетна Македонија.

Владата предводена од СДСМ и премиерот и претседател на СДСМ Заев остануваат посветени на заложбите за повисоки плати за сите работници и граѓаните на Македонија да имаат повеќе пари и повисок животен стандард.

Претседателот Заев и во индина ќе продолжи да биде мотиватор и поддржувач на работниците во борбата за обезбедување подобри работнички права и повисоки плати“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби