А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Владата останува посветена на обезбедување чиста и здрава животна средина

by А1он04/07/2018 - 09:34155
Share0

„Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена на обезбедување чиста и здрава животна средина и квалитетни услови за живот за сите граѓани.

Добивај вести на вибер

Во општина Прилеп беше пуштена во употреба досега најголемата пречистителна станица за третман на отпадна вода којашто ќе опслужува околу 95.000 граѓани.

Пречистителната станица во Прилеп ќе ги третира и прочистува отпадните и канализациски води, со можност од нив да се произведува биогас. Пречистената вода ќе се враќа во градската река. На овој начин се заштитиува и унапредува животната средина и здравјето на граѓаните. Граѓаните на Прилеп ќе можат да конзумираат чиста храна, наводнувана со чиста вода, одгледувана во чиста и здрава животна средина“, соопштуваат од СДСМ.

„Проектот за пречистителната станица е само дел од бројните проекти финансирани од ИПА програмата и е уште една потврда за придобивките на Македонија од евроинтегративниот процес којшто овозможува и отворање на нови фондови и развојни линии за финансирање на проекти што се во интерес на граѓаните и државата.

По Струмица и Кичево, ова е трета пречистителна станица пуштена во употреба, а следува изградба на пречистителни станици и во Тетово и Битола, Штип, Кочани и други општини во државата.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните и продолжува со спроведување на мерките што овозможуваат здрава и чиста средина, нови капитални инвестиции и повисок квалитет на живот за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

sdsmzivotna sredina

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Горан Наумовски30/03/2026 - 12:46

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Горан Наумовски30/03/2026 - 11:55

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 10:58

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Горан Наумовски24/03/2026 - 11:52

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто