СДСМ: Владата не задолжила со уште 50 милиони евра и го зголемила долгот до 41,5 отсто од БДП

Од:

Денес стана сосема јасно зошто 4 дена Министерството за финансии не собра храброст да ја објави висината на долгот на централната влада заклучно со август 2014 година. Ставрески и Груевски четири дена шверцерски се обидуваат да сокријат нешто што не може да се сокрие: фактот дека после задолжувањето од 500 милиони евра во јули, владата на Груевски ги задолжила граѓаните за нови 50 милиони евра во август и го подигнала долгот на централната влада на 41,5% од БДП.

Со такво соопштение излезе попладнево СДСМ. Најголемата опозициска партија вели дека министерот за финансии сака да игра со бројките, но остануваат фактите дека долгот е дополнително зголемен.

„Зоран Ставрески имаше обврска, според календарот за објавување на податоци на Министерството за финансии, да ја објави оваа бројка уште на 30 септември. Но, Ставрески очигледно решил да ги претвори своите претходни документи во тоалетна хартија и се обидува да манипулира со бројките објавени во претходни документи за економски показатели. Очигледно сака да прикаже дека сме единствената земја во светот во која долгот пораснал за 50 милиони евра во апсолутна вредност (во однос на претходниот месец), а во исто време се намалило неговото учество во бруто домашниот производ. Од таа причина во новата табела за месец август никаде не можете да го сретнете податокот за Бруто домашниот производ. За оваа цел, во монтирањето на бројките тој го инволвира и Државниот завод за статистика, но за оваа најнова подземна манипулација со долгот СДСМ дополнително и темелно ќе се изјасни“, стои во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата