СДСМ: Владата не може да најде ама баш ништо незаконско во тендерските постапки во Струмица

Од:

Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ постигна извонреден успех. Прво, успеа луѓето од Струмица, како Панче Орцев, Динчо Иванов и други да ги направи препознатливи и популарни во цела Македонија, реагираат од СДСМ.

Второ, успеа да докаже како во општина Струмица, во легална законска процедура се добиваат тендери, и зошто владата не може да најде ама баш ништо незаконско во тендерските постапки во Струмица. За разлика од тендерите и анкесите на договорите што ги реализира владата на Никола Груевски.

По којзнае кој пат прашуваме кога Никола Груевски ќе одговори:

Дали е непотизам и судир на интереси назначувањето на првите братучеди и кумот на премиерот Груевски за контролори на севкупниот општествен и стопански живот во Македонија, преседан незабележан во поновата политичка историја на Европа?

Дали Сашо Мијалков, братучедот на Никола Груевски се стекнал со фантастични една милијарда евра?

Како Гордана Јанкулоска, Влатко Ѓорчев и други високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, се збогатиле од чиновнички плати?

Дали Груевски, Мијалков и Ставрески се мозокот на операцијата во којашто, во последниве 7 години, се одлеани повеќе од 3,5 милијарди евра пари на граѓаните во непознат правец и во приватни џебови?

Уште еднаш ќе посочиме, на темата чест и морал, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, е подготвен на директно телевизиско соочување со Никола Груевски, кога премиерот ќе собере храброст за ваков јавен настап.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?