СДСМ: Владата ја унапредува и модернизира инфраструктурата

Од:

„Нивото на инвестиции во инсфраструктурата во Македонија беше ниско во изминатите 10 години што придонесе да има рурални средини без основни животни услови, без системи за снабдување со вода, фекални и атмосферски канализации. Патиштата, како еден сегмент во инфраструктурата беа запоставени.

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и криминалните апетити на Никола Груевски ги чинеа граѓаните најмалку 100 милиони евра, колку што изнесува штетата од пропустите на започнатите автопатски делници.

Милионските штети од пропустите во изградбата на автопатите ја докажуваат злоупотребата на државните средства за богатење на поединци и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ да се грижи и да работи во интерес на граѓаните.

За разлика од таквиот криминален и расипнички пристап, Владата предводена од СДСМ посветено работи на решавање на напластените проблеми и работи на унапредување на инфраструктурата во земјава како значаен сегмент.

Доказ за тоа е и последниот потпишан договор со кој се обезбедуваат средства во висина од 35,4 милиони евра за изградба на експресниот пат Дреново-Градско со што ќе може да се изгради и овој патен правец.

Македонија оди напред и добива модерна и ефикасна инфраструктура каква што заслужува секоја современа европска држава.

По промените на локално ниво што ќе се случат на следните избори и победата на СДСМ, ќе се отовори можноста преку домаќински и одговорен пристап да се подобри инфраструкрурата и на локално ниво, да се изградат локални патишта, системи за вода и канализации, во интерес на граѓаните и нивните основни животни потреби“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски