А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

by А1он14/01/2026 - 15:12116
Share0

Како што најавивме уште во декември дека постои дупка во буџетот од една милијарда евра и дека државата нема пари за функционирање, стигнува уште еден доказ. Наместо да ја признаат дупката во буџетот, тие новото задолжување го објавуваат како успех на Министерството за финансии за пласирање на еврообврзниците и како триумф на економијата. Владино славење за новото задолжување на граѓаните, велат од СДСМ.

Добивај вести на вибер

– Во моментот кога Владата се фали со „импресивната“ побарувачка од над 4 милијарди евра за десеттата еврообврзница во износ од милијарда евра, вреди да се потсетиме дека ова не е приказна за успех, туку за нужда.

Што тоа значи за граѓаните? Повеќе долгови значат поголеми камати, помалку средства за социјални програми, здравство и образование, и поголем ризик од криза ако глобалните каматни стапки пораснат.

Прогнозите на СДСМ не беа празни зборови, туку реалност – дупката во буџетот постои, и наместо да се фали со задолжувањето, Владата треба да објасни како ќе обезбеди одржливост на финансиите без постојано потпирање на странски кредити.

Министерството за финансии истакнува диверзифицирана база на инвеститори од Германија, САД и Велика Британија, конкурентни каматни стапки (3,875% за четиригодишната и 4,750% за осумгодишната транша) и доверба во реформските планови.

Но, под оваа сјајна фасада се крие сурова реалност, ова задолжување е директен одговор на проблемите со финансиите и буџетскиот дефицит.

Ова „доверба на инвеститорите“ што Владата го слави, всушност е сигнал дека земјата мора да се задолжи по цена на зголемување на вкупниот долг, кој веќе надминува 60% од БДП според ЕУ стандардите.

Слично се случи и со контроверзниот заем од Унгарија во износ од милијарда евра во 2024 година, кој СДСМ го осудуваше како ризичен и политички мотивиран. Ова е уште еден доказ дека она што СДСМ го зборува веќе месеци се остварува. Дефицитот не исчезна, само долгови се префрлени на идните генерации. Време е за одговорна политика, а не за спинување на долговите како победа, велат од партијата.

ministerstvo za finansiisdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Горан Наумовски24/03/2026 - 11:52

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто