СДСМ: Владата и Груевски ги потценуваат нашите професори и ја деградираат македонската наука

Од:

Премиерот Груевски и Владата ги потценуваат македонските професори, се обидуваат да ги дисциплинираат, а ја деградираат целокупната македонската наука, се вели во соопштението на СДСМ по вчерашниот повик на Груевски и на Владата професорите да користат преведена странска литература наместо учебници и скрипти.

Со оваа изјава, според Социјал-демократите, власта директно се замеша и во науката.

Според опозициската СДСМ, невозможно е премиерот да знае повеќе од професорите што е најдобро за студентите, со оглед на нивното искуство и знаење во областите за кои предаваат и чии предметни програми се соодветни на акредитираните студиски програми на факултетите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО