СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ

Од:

СДСМ денеска преку соопштение реагираше на вчерашната прес-конференција на портпаролот на Движењето ЗНАМ Никола Мемов, кој коментирајќи го изборот на нов лидер на СДСМ, рече дека е отворена поканата во ЗНАМ за прием на сите чесни членови на СДСМ.

– Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ. Максим Димитривски за неколку фотељи и градоначалничка функција стана слуга и продолжена рака на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски. Срамно и жално е да се гледаат поранешни генерални секретари на СДСМ како министри и послушници во Влада која ја водат луѓе што сакаа да ги убијат нивните довчерашни сопартијци. Срамно е за поранешни пратеници на СДСМ да бидат функционери во власта на Мицкоски. Од тоа вистинските членови на СДСМ се срамат и го осудуваат, се вели во реакцијата.

Од СДСМ велат дека се единствената вистинска опозиција која ќе се бори за да се спречуват, како што посочуваат, штетните политики на владата на Мицковски и неговиот сателит ЗНАМ.

Портпаролот на ЗНАМ вчера на прес-конференција му го честита изборот на Венко Филипче за нов лидер на партијата, а исходот на внатрепартиските избори во СДСМ го оцени како недемократски и нелегитимен. Мемов рече дека во СДСМ членуваат многу чесни и способни луѓе и дека е отворена поканата за прием на сите тие членови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО