СДСМ: Вистинската порака од граѓаните Груевски ќе ја добие на демократски избори

Од:

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ својот страв од вистината го покажуваат секој ден.

Поддршката за СДСМ и лидерот Зоран Заев е се поголема и постојано расте.

Граѓаните бараат промени, Македонија бара промени.

Преку изборни грабежи и злоупотреби на институциите, во изминатите изборни циклуси Никола Груевски ја узурпираше власта.

Срамната одлука на Уставниот суд е најголемо признание за изборниот грабеж.

Не само што Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги краделе парите на граѓаните, го краделе и нивниот глас.

Затоа Груевски се плаши од реалноста и од соочување со одговорноста.

Оттука е паниката кај Никола Груевски.

Нелегитимната криминална банда што ја узурпирала власта на криминален начин не може да говори за мислењето на граѓаните.

На Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ им е јасно дека граѓаните ги чекаат демократските промени коишто ќе се случат на следните фер и демократски избори.

На фер избори ќе победи СДСМ, ќе победат граѓаните, ќе победи Македонија.

Тоа е најреалната анкета за Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ којашто ќе ја видат на следните фер и деморкатски избори“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски