СДСМ: Вистинската адреса за протестите на војниците е седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, таа партија ги блокира измените на Законот за служба во Армијата

Од:

„Решението за припадниците на Армијата со навршени 45 години е веќе подготвено преку Законот за служба во Армијата кое се наоѓа во Собранието. Токму овој закон со месеци е блокиран од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и оттаму вистинската адреса за денешниот протест е пред седиштето на оваа партија“, соопшти СДСМ.

„СДСМ преку Владата, министерството за одбрана и парламентарното мнозинство што го предводи во изминатите години сериозно го зајакна економскиот стандард и статусот на вработените во одбраната.

Има драстично покачување на платите, обезбедивме надомест од 8 000 денари за станарина и континуирано ги подобруваме условите за работа.

Продолжуваме да се грижите за војниците, ќе сториме се за да ги надминеме блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и потребните измени на Законот за служба во Армијата кои со нетрпение ги очекуваат сите припадници на Армијата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата