СДСМ: Вистинска слика на режимските медиуми

Од:

„Вечерва сите граѓани во Република Македонија се уверија како работат режимските медиуми, како изгледа гостување во режимска телевизија уредувана од страна на Груевски и неговите платеници.

Доминирањето на некултурата, вулгарностите, говорот на омраза кон оние што мислат слободно и различно, говорот на омраза кон припадниците на другите националности, уште еднаш покажува колку е далеку денес Македонија од демократските и европски вредности.

Со промена на власта и заминувањето на Никола Груевски во историјата, граѓаните можат да очекуваат слободни медиумуи, дебата, различни мислења што нема да бидат задушени, кадешто лагите нема да бидат медиумска алатка и кадешто ќе доминираат вистинските вредости на една демократска, современа и европска земја.

Сите слободномислечки и професионални припадници на новинарската професија и новинарскитре здруженија не смеат да останат неми туку да застанат во заштита на професиналното и објективно информирање во корист на граѓаните на Македонија.

Ова е уште еден доказ зошто е потребна слобода на медиумите, зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор и зошто СДСМ инсистира на професинално и избалансирано известување на медиумите“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“