СДСМ: Вистината за Македонија го разобличи вистинското лице на Никола Груевски

Од:

Проектот Вистината за Македонија го разобличи вистинското лице на Никола Груевски и неговите соработници. Тие точно знаат што правеле и тоа е нивната најголема болка.

Затоа Груевски најавува дека ќе се повлече, па се предомислува дека нема да се повлече, затоа е колеблив во министерствата што ги дава, па не ги дава за преодната влада, затоа сака да избега од обврските што ги презема со 2-ро јунскиот договор.

Со заклучоците на Извршниот комитет, ВМРО-ДПМНЕ директно потврди дека го кршат договорот од 2-ри јуни на којшто се обврза Груевски лично со својот потпис.

Груевски во договорот на 2-ри јуни се согласи на организација на влада којашто треба да спроведе фер и демокртаски избори, но потоа се исплаши токму од тие фер и демократски избори и затоа се обиде да го одолговлекува преговарачкиот процес.

Сега Груевски е збунет дека е фатен во неговото сценарио и повеќе од јасно е дека е многу исплашен.

Навикнат, како што владее овие 9 години, да ја лаже домашната и меѓународната јавност, се надева дека лагата и овој пат може да му помине.

За СДСМ преговорите се неуспешни и како што најавивме, ќе продолжиме со проектот Вистината за Македонија и интензивно, со сите средства што ни стојат на располагање за враќање на слободата и демократијата во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски