СДСМ: Вистината за Диво Насеље ќе излезе на виделина

Од:

„Вистината за случувањата од 9-ти мај 2015 година во Куманово мора да излезе на виделина и случајот ќе биде расчистен до крај. Тоа е должност кон семејствата на 8-темина загинати бранители, кон семејствата кои останаа без домови и кон сите граѓани на Република Македонија.

СДСМ изразува почит кон загинатите бранители и кон сите граѓани на Куманово и на Македонија кои не дозволија провокациите од каков и да е мотив, да ја нарушат стабилноста на државата.

Правдата мора да допре до извршителите, но и до иницијаторите и нарачателите на кумановските настани. Детално ќе се истражат индициите за вмешаност на одредени структури од досегашната власт во немилите настани. Тоа ќе се изведе на транспарентен, независен и професионален начин, со што ќе се расчистат сите дилеми и шпекулации.

Новата Влада предводена од СДСМ, ќе се посвети на целосно расветлување на случајот и неговата позадина. Ќе биде побарана и меѓународна поддршка во истрагата заради обезбедување на сите релевантни информации, но и за обезбедување на потполна доверба на граѓаните во резултатите од истрагата.

Никој нема да биде амнестиран од одговорност, доколку се докаже дека на каков било начин бил дел од инцидентот што ја загрози безбденоста на државата. Инволвираните и виновните во случајот ќе понесат одговорност за вакви злосторства никогаш повеќе не и се повторат на Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа