СДСМ: Вељаноски не мора да чека до 8-ми октомври, може кога сака да ги верификува оставките

Од:

„Оставките на пратениците на опозицијата се кај власта. Груевски и Вељаноски треба да престанат преку провладините медиуми да ја лажат јавноста со намера власта да ја избегне одговорноста за недемократската атмосфера по криминалните избори.

Лага е тврдењето во насловот на текстот од „Прес24“, реагираат од СДСМ на написот дека техничка влада нема да има, а партијата се враќа во парламентот.

Ставот на СДСМ и коалициските партнери е кристално јасен и непроменет.

Пратениците од опозицијата нема да учествуваат во работата на Собранието се додека не се создадат услови за враќање на демократијата и одржување на фер и демократски избори.

Пратениците од опозицијата не ги прифатија пратеничките мандати и оставките ги депонираа уште пред 4 месеци во Собранието, откако Трајко Вељаноски и власта насилно ги верификуваа нивните мандатите.

Вељаноски не мора да чека до 8-ми октомври, може кога сака да ги верификува оставките“, се вели во писмената реакција на СДСМ, на текст објавен од „Прес24“, превземен од весникот „Дневник“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски