СДСМ: Вељаноски, Милошоски и Димовски веднаш да си поднесат оставки

Од:

„Оставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник од морални причини, само заради индиции претставува висок морален чин и силно чувство на лична одговорност пред граѓаните.

Кај пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, против кои се водат судски процеси за тешки кривични дела, нема ниту приближно чувство на морална одговорност, тоа е јасно.

Но, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, Антонио Милошоски и Илија Димовски да не чекаат ниту ден повеќе, туку веднаш да си дадат оставки од своите функции.

Тоа е најмалку што може да го направат за да се избегне каква било можност да ги попречуваат или влијаат врз судските процеси и истрагите против нив.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат трошка кредибилитет се додека во нивните редови седат пратеници против кои се водат истраги и процеси за сериозни дела“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“