СДСМ: Веќе 10. ден „Курир” молчи и не кажува како се финансира

Од:

„Професионалните и етички новинарски стандарди подразбираат транспарентно, непристрасно и одговорно работење, а овие стандарди за Курир се мисловен поим.

Јавноста и граѓаните знаат за приходите од 1.3 милиони евра за фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на “Курир”.

Поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, фирмата сопственик на“Курир”, со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП, открива сериозни сомнежи.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ. Оваа фирма покрај тоа што е сопственик на радиото Слободна Македонија, сопственик е и на К-Три телевизија ДООЕЛ Куманово.

Граѓаните дознаа дека истата оваа фирма, НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков.

Владислав Стајковиќ освен до Мијалков е близок и до Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-мобиле Македонија и воедно кумашин на братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Вистината за Македонија откри дека НВСП, фирмата  на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Што крие „Курир“?

Како „Курир“ стекнал приход од 1,3 милиони евра?

Наместо молк и креирање виртуелни вести коишто немаат апсолутно никаква поврзаност со реалноста и точното информирање, јавноста очекува одговори на прашањата кој и на каков начин го финансира „Курир“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Орце собира тим од луѓе осудени за корупција и примање поткуп

А1он

СДСМ: Христовски го демантираше Мицкоски дека бил прислушуван, АНБ да ги декласифицира документите

Катерина Ѓуровски