СДСМ: Веднаш да престанат нападите врз новинари, граѓаните имаат право да ја дознаат вистината

Од:

„Првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да престанат да ги шират паниката и стравот од одговорност помеѓу своето членство и активистите. Правдата за криминалот што го правеле е неизбежна, но како што лично си ги полнеа џебовите сега треба лично и да одговараат. Паниката што ја шират нема да им донесе ослободување од одговорноста, но може да предизвика инциденти како вчерашниот, кога нивен активист, без никаква причина, нападна новинар на телевизијата Телма пред Министерството за внатрешни работи.

СДСМ најостро го осудува нападот врз новинарот на Телма. Интерес на сите граѓани е да ја дознаат вистината и да бидат информирани. Тоа е можно само ако новинарите непречено и без никакви закани по нивната безбедност и без притисоци ги извршуваат своите професионаплни задачи.

Физичките напади врз новинари и спречувањето на вистината за жал беа една од главните одлики на режимот на Никола Груевски, кој ќе биде поразен на 11 декември.

По победата на 11 декември, новинарите ќе може слободно да известуваат и да ја критикуваат работата на институциите. Медиумските слободи ќе бидат вратени, а Македонија никогаш веќе нема да биде оквалификувана како земја со неслободни медиуми од релевантните меѓународни организации“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот