СДСМ: „Вечер“ да се извини за очајните лаги, ништо не му помага на поразениот Груевски!

Од:

„Очајни лаги се пишувањата објавени во „Вечер“.

Провладиниот медиум на ниеден начин повеќе не може да му помогне на распаметениот Груевски од промените за коишто веќе се изјаснија над 600.000 граѓани на Македонија.

Никола Груевски независно од гласањето во Теарце доживеа катастрофален пораз после којшто за него нема повеќе место во политиката.

Знаат граѓаните од проектот Вистината за Македонија дека токму Груевски и соработниците во ВМРО-ДПМНЕ се служеле со поткупи, уцени, закани, притисоци, изборен криминал, корупција и затоа го казнија режимот и избраа живот и правда.

Знаат и Груевски и соработниците дека одговорност за сите противзаконски дела мора да има и ќе има.

Затоа се измислиците на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ секој ден на различна, не постоечка тема.

Демократските промени што веќе се случуваат го испраќаат Груевски во историјата.

Бараме од Вечер извинување за објавените лаги. Во спротивно ќе следува тужба за клевета“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?