СДСМ: Вангеловски призна какво е судството во Македонија, ете затоа ќе има промени!

Од:

„Ќе има не само заздравување, туку целосно независно судство што ќе обезбеди правда за сите граѓани на Македонија и тоа ќе го осигура новата реформска Влада на граѓаните на Македонија.

Новоизбраниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски кој со години е дел од инсталациите во сваровски судството на фамилијата и кој, како што можеа да слушнат граѓаните од Вистината за Македонија, договарал со власта на Груевски судски пресуди, добро што признава дека на судството му треба заздравување.

Но за тоа се потребни промени и ќе има промени, затоа што така избраа мнозинството граѓани на Македонија. Македонија ќе добие реформирано и независно судство кое што ќе одлучува според професионални стандарди, а не како досега, по нарачки на партиски штабови“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?