СДСМ: Ваква деградација на медицинската професија е незапаметена во Македонија

Од:

„Престанете да се однесувате како да сте опозиција и да ги навредувате граѓаните. Седум години сте на власт и целокупната одговорност за очајната ситуација во која се наоѓаат докторите и медицинскиот персонал е исклучително на ВМРО-ДПМНЕ и владата предводена од Никола Груевски.

– Ниту СДСМ ви е виновен што докторите три недели штрајкуваат ниту пак на било кој начин опозицијата се меша во штрајкот на лекарите и медицинскиот персонал, за чии што мотиви имаме целосно разбирање.

– Ваква деградација на медицинската професија каква што вие ја предизвикувате е незапаметена во историјата на Република Македонија.

– Наместо да барате вина таму каде што ја нема, во опозицијата, во здруженијата, во синдикатите, тргнете ги вашите партиски инсталации од здравството кое секојдневно го уништуваат.

– Тргнете ги вашите партиски платеници на директорски позиции кои вршат секојдневен притисок на вработените во здравствените институции и се изживуваат со нив, со што нанесуваат штета и на здравјето на граѓаните, само за да го задоволат вашиот партиски шеф и да ги сочуваат своите фотељи во кои дебело се налегнати“, се вели во писмена реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое се однесуваше на изјавата на Андреј Петров.

Би можело да ве интересира

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он