СДСМ: Вакцинацијата и почитувањето на мерките клучни за заштита на колективното здравје

Од:

„Во последните денови, бројот на нови случаи со заразени од ковид 19 забрзано расте, инфективните одделенија се полнат. Досега се аплицирани над 1 милион дози, а ревакцинирани над 500.000 граѓани од кои само 0.002% се заразиле, што укажува на тоа дека вакцините се безбедни и ефикасни“, соопшти СДСМ.

„Вакцинацијата е од витална значајност во борбата против натамошно ширење на вирусот. Смртноста демне како опасност кај невакцинираните.

Секоја вакцина е безбедна и ја намалува шансата од заболување од вирусот, спречува тешки форми на болеста и најважно штити од смртен исход.

Отворени се нови пунктови, има доволно вакцини, вакцинирањето е исклучително важно за заштита на сопственото и јавното здравје.

Испраќаме апел до граѓаните коишто не го сториле тоа да одат во најблискиот пункт и да се вакцинираат.

Дезинформациските кампањи и теориите на заговор кои ги пласираат центрите и кои ги одвраќаат луѓето од имунизација се на штета на граѓаните.

Исклучително е важно да се почитуваат и новите мерки. Тие се неопходни за заштита на здравјето и се применуваат и во други земји.

Да бидеме одговорни кон себе и кон другите и да дадеме свој придонес во борбата која е заедничка за целиот свет“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби