СДСМ: Уставните измени го зајануваат идентитетот, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја следат мнозинската волја

Од:

„Уставните измени доставени во Собранието на Република Македонија се клучен чекор за спроведување на преспанскиот Договор којшто обезбедува иднина во ЕУ и НАТО со македонски идентитет признаен од целиот свет.

Со уставните измени се зајакнува македонскиот идентитет, се унапредува грижата за дијаспората и Македонците кои живеат во соседните земји и во светот, се гарантираат границите и територијалниот интегритет, а со повикување на конститутивните одлуки од АСНОМ, се зацврстува историскиот континиутет на државноста.

Волјата на граѓаните е јасна. Над 80 отсто од сите граѓани и над 90 отсто од граѓаните кои гласаа на референдумот јасно кажаа дека се за иднина во ЕУ и НАТО.

Сите пратеници, а особено оние на ВМРО-ДПМНЕ треба да преземат одговорност, наместо интересите на раководството на партијата за амнестија, на прво место да ги стават врвните државни интереси а тоа се интеграцијата и полноправното членство во ЕУ и НАТО.

Целокупната постапка е согладно Уставот, законите, Деловникот и врз основа на мнозинската волја на граѓаните.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да ја почитуваат мнозинската волја и да дадат поддршка на уставните измени кои го зајакнуваат македонскиот идентитет и ги отвораат вратите за влез во ЕУ и НАТО“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче го честиташе 11. Октомври: Аманетот од хероите на НОБ е да ја продолжиме борбата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ за скандалот со директорот на Неврологија: Не може човек што се дрогира да се занимава со здравјето на луѓето

А1он

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Ливриниќ: Ќе изградиме нова зелена оаза и простор за рекреација за сите генерации

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мантев: Неспособноста на ДПМНЕ го доведе Неготино во очај, ние имаме решенија и ќе го вратиме сјајот на градот