СДСМ: Уште само 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување на Мицкоски

Од:

Уште само 8 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на сите точки од Реформската агенда.

8 дена до уште едно големо неисполнето ветување.

8 дена до нов доказ дека организираната криминална група ВМРО не сака Македонија да стане членка на ЕУ, наведуваат од СДСМ.

Мицкоски ветуваше дека до 1 јуни ќе ги заврши сите точки од реформите. Секако, клучни се се уставни измени и внесување на малцинствата во уставот како услов за продолжување на европскиот пат.

Досега реформите не се исполнети, рокот изминува.

Мицкоски не ги исполнува реформите за ЕУ затоа што не сака да ги исполни.

Затоа што реформите значат одговорност, правда и крај на системот што со години го штити ВМРО.

Мицкоски не сака независно судство. Не сака Европско јавно обвинителство.

Не сака вистинска борба против криминалот и корупцијата.

Наместо европска иднина, Мицкоски ја турка државата во изолација, неизвесност и сиромаштија.

Уште само 8 дена се доволни граѓаните целосно да ја видат вистината: Мицкоски не сака ЕУ, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата