СДСМ: Уште повеќе инвестиции во инфраструктурата, изградба и рехабилитација на над 2.000 километри патишта

Од:

„Владата предводена од СДСМ, во наредните четири години ќе се посвети на високо ниво на реализација на капиталните инвестиции како услов за заздравување на домашната економијата.

Инвестициите во инфраструктурата ќе се реализираат преку изградба и рехабилитација на над 2.000 километри патишта и тоа 250 километри автопатна мрежа, изградба на 300 километри експресни патишта, над 1.000 километри рехабилитација на регионални патишта и рехабилитација на околу 450 километри локални патишта“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Ќе се инвестира и во комуналната инфраструктура преку изградба на нови 500 километри водоводни и канализациони линии, а истовремено утврдена е динамиката на изградба на преку 700 социјални станови.

Фокус на Владата и понатаму останува изградбата на пругата на Коридор 8, со започнување на втората и третата фаза од железничкото поврзување со Република Бугарија, како и пуштањето во сообраќај на новата пруга од Битола до Кременица.

Приоритети се изградба на автопатот Кичево-Охрид, целосна реконструкција на патниот правец од Струга до граничниот премин Ќафасан, започнување со постапка за проширување на автопатот Тетово-Гостивар. Истовремено се врши проектирање за изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево како и со изградба на автопатот Скопје-Блаце.

Во овој мандат ќе започне изградба на нови два експресни патишта: Смоквица-Струмица-Ново Село и Битола-граничен премин Меџитлија со обиколница Битола, а продолжува втората фаза на изградба на експресните патишта Штип-Радовиш, Штип-Кочани, Ранковце-Крива Паланка и Градско-Прилеп.

Со подобрување на урбанистичкото планирање ќе се обезбеди вистински развој на урбаните средини преку рационално и хумано планирање на просторот, каде нема повеќе да се дозволува узурпација на просторот.

Градиме по план, инвестираме во иднината на граѓаните“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“