СДСМ уште и нуди соработка на ВМРО-ДПМНЕ за Кичево

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ во Охрид ќе води подземна политичка кампања за престојните локални избори“, рече пратеникот на СДСМ и шеф на изборниот штаб во Охрид, Митре Вељановски. Власта во недостаток на идеи и реализирани проекти и во услови на крајно поразувачки економски параметри се занимава само со црна кампања, рече Вељановски.

„Тоа го најави власта со некакви специјални програми и кампањи за Охрид. Под зборот специјални можете да претпоставите што подразбира политичкиот противник. Таа специјална програма може да биде само подземна политичка кампања. СДСМ во неговата досегашна историја се служел со она што е демократска придобивка, и позитивно за граѓаните. Ние ќе продолжиме и понатаму така да се однесуваме и во услови на тотален медиумски мрак што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го воспостави нашиот глас да го пренесеме од врата на врата, од човек на човек. Ние ќе водиме позитивна кампања“ рече Вељановски.

Од СДСМ негираат дека со ДПА се договрени општините каде меѓусебно ќе се поддржат. Иако се шпекулира дека СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на ДПА во оние општини каде мнозинсство се Албанците, додека ДПА онаму каде Македонците се мнозинство

„Дефинитивните договори се уште не се направени, се уште има време. Договорена е само начелната соработка меѓу ДПА и СДСМ. Поединостите допрва ќе се договараат и ќе се заземаат ставовите“, вели Вељановски.

Вељановски рече дека СДСМ и понатаму останува на ставот дека е подготвена како партија да соработува со ВМРО-ДПМНЕ за заеднички настап во Кичево и Струга на локалните избори, но доколу од другата страна се појави можност за такво нешто. Дали досега се водени разговори помеѓу СДСМ И ДПМНЕ Вељановски не упати да се обратиме во повисоките органи на партијата.

„Јас не можам да ви кажам, бидејќи тоа , таа соработка се води на едно повисоко ниво меѓу партиите. Тоа е одговор кој некој друг од повисоките инстанци да го даде.не би можел да ви потврдам дали има конкретни разговори“ рече Вељановски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски