СДСМ: Уште еден запален автобус на ЈСП, ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје

Од:

Денеска повторно се запалил авотобус. Пред само една недела гореше двокатен автобус на ЈСП. ЈСП буквално се распаѓа. Запалени автобуси, несреќи, неисправни автобуси, гужви среде лето поради недоволен број. Граѓаните на Скопје буквално мака мачат со градскиот превоз и со бројните проблеми кои ја загрозуваат дури и нивната безбедност, велат од СДСМ.

– ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, тие се најголемие виновници за катастрофата која што му се случува на ЈСП и на целиот град. Каде се 250 нови автобуси кои Мицкоски ги ветуваше? Ги нема заради тоа што пропаднаа бизнис зделките со Арсовска? Само за свој политички интерес ВМРО-ДПМНЕ ги става скопјани во ризик и бездушно ги остава да се мачат секој ден. Тоа што автобусите гледаме дека се расипуваат и палат се исто така одговорност на ВМРО-ДПМНЕ и нивните пулени Игор Јанушев и Коце Трајановски кои ги набавуваа. Сега истиот Јанушев, кој беше осуден за криминалната набавка со автобусите, зад кого има скандали со поклонет имот, Мицкоски го стави втор човек во Владата. Граѓаните за Мицкоски се на последно место, очигледно го интересираат само зделиките. Неспособност, скандали и катастрофално владеење е одлика на оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ која е полоша и од претходната на Груевски – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски