СДСМ: Уште еден повик ВМРО-ДПМНЕ да ги посочи наводните напаѓачи

Од:

„Скоро една недела го нема Груевски да и објасни на македонската јавност зошто имаше потреба од полициска бруталност дента кога беа исечени дрвјата пред хотелот Бристол.

– Нема одговор ни на прашањето зошто токму на тоа место мора да се изгради зградата на СРД, а не на било која друга локација во Скопје, на пример во општините Кисела Вода или Гази Баба.

– Уште еднаш ги повикуваме советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, со помош на полицијата и другите органи на власта, да ги идентификуваат лицата кои им попречиле да присуствуваат на вчерашната вонредна седница на Советот пред хотелот Бристол.

– Доколку во рок од 5 дена нема разврска на случајот, ќе сметаме дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ лажат, и во тој случај советничката група на Сојузот за иднината ќе поднесе тужба за клевета, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Мирослав Шиповиќ, претседател на Советот на општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски