СДСМ: Уредникот Груевски шири лаги и невистини

Од:

Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан, според Репортери без граници. Состојбите со контролата врз медиумите се најдоа и во меѓународните извештаи на ОБСЕ/ОДИХР, на ЕУ, во Извештајот на експертската група на Рајнхард Прибе. Никола Груевски не може против вистината, велат од СДСМ.

– Дури и самиот Груевски многу добро ја знае оваа вистина. Јасно му е дека неговото заминување е незапирлив процес. Нарачаните лаги коишто ги пласираат медиумите на Груевски уште еднш ја потврдуваат неговата контрола врз нивната уредувачка политика и целосно задушената слобода на медиумите. Седницата на Централниот одбор на СДСМ помина во крајно позитивна атмосфера за што има и видео коешто медиумите на Груевски не смеат да го пренесат. Уреникот Груевски шири лаги и невистини на своите медиуми. Доволно е граѓаните да ги погледнат неговите вести да го видат очигледното, Груевски е во паника којашто повеќе не ја ниту крие. Затоа СДСМ ќе ја обезбеди слободата во медиумите. По 24 април, во слободна Македонија предводена од СДСМ, слободата на медиумите ќе биде загарантирана – нагласуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски