СДСМ: Урбаната мафија не успеа, го исполнивме нашето ветување пред граѓаните на Центар

Од:

Советниците на СДСМ и коалициските партнери ги спречија бизнис – интересите на власта, што имаа за цел да го соголат Водно, со градби од 10 ката, коишто сеизмички го загрозуваат главниот град, велат од партијата.

Одлуката на советниците на СДСМ и коалицијата да ја напуштат седницата се покажа исправна и ефикасна, сметаат тие.

За деталните урбанистички планови гласаа само 11 советници, што согласно член 62, став 2 од Законот за локална самоуправа, е недоволно за нивно усвојување.

Ќе продолжиме одлучно да се спротивставуваме на обидите на урбаната мафија да го загрозува здравјето и безбедноста на скопјани, како овој пат, за бизниси вредни над 630 милиони евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Поскапува парното, со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Под притисок на власта Уставен суд го укина колективниот договор – преседан против 2.000 работници во култура

СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз жените

Горан Наумовски

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст