СДСМ: Инцидентот во „Плусинфо“ ја покажува огромната нервоза на Груевски

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува упадот во просториите на редакцијата на порталот „Плусинфо“.

Овој кукавички чин, да се влезе во простории на медиум и да се изврши кражба на компјутери и фотографска опрема, како што извести порталот Плусинфо е тежок скандал што само покажува до кој степен е урнисана демократијата и е загрозена слободата и слободната мисла во Република Македонија.

Сериозниот инцидент што се случи во еден од малкуте критички медиуми во земјава, ја покажува огромната нервоза Никола Груевски и неговите соработници кои се соочени со вистината за сопственото криминално владеење и извесното заминување од политичката сцена.

Одговорност за упадот во медиумот мора да има, од нарачателите до извршителите. Потсетуваме на обврската на чесните професионалци во МВР за брза и транспарентна истрага“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски