А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Уништувањето на здравството заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт

by А1он08/12/2018 - 15:02120
Share0

„Бизнис интересите и тендер политиките што ВМРО-ДПМНЕ со години ги спроведуваше во здравството резултираа со урнисан здравствен систем, погазени права на пациентите и незадоволни лекари кои масовно го напуштаа јавното здравство.

Добивај вести на вибер

Заврши времето на договорени тендери, на договори во четири очи и системско уништување на здравствениот систем. Денес Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство го рехабилитираат здравствениот систем во интерес на граѓаните и лекарите.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на заложбите за градење на модерен, одржлив и ефикасен здравствен систем.

Во таа насока е и договорот за јавно-приватно партнерство за детската кардиохиругија преку кој децата, пациетните и родителите веднаш ќе добијат подобра здравствена услуга, без да плаќаат дополнително, без нови трошоци. Со тоа, подобра услуга е ставена на располагање на оние на кои им е најпотребна.

Продолжуваат инвестициите за развој на здравствениот систем. Со Буџетот за 2019 година кој е зголемен за 300 милиони денари , докторите специјалисти добиваат зголемување на платите за 10 отсто, а останатиот медицински персонал добива повисоки плати за 5 отсто.

Обезбедени се близу 10 милиони евра за изградба на клинички центар во Скопје и Штип, зголемени се средствата за задолжителна имунизација и средствата за нови лекови за ретки болести. Се инвестира во осовременување на медицинската опрема, а итната медицинска помош доби 12 нови возила

Владата предводена од СДСМ продолжува со остварување на мерктие што обезбедуваат квалитетно здравствство за пациентите, вреднување на трудот на лекарите и здравствените работници и унапредување на здравствениот систем“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

mz

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он06/12/2025 - 13:14

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Горан Наумовски01/12/2025 - 16:27

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он24/06/2025 - 17:1124/06/2025 - 17:13

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он12/04/2025 - 14:52

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска30/05/2023 - 13:55

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска26/04/2023 - 13:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен