СДСМ: Ујдурмата на кумовите за новото задолжување да ја открие гувернерот Богов

Од:

Никола Груевски ја призна информацијата што ја објави СДСМ, дека е ставен потпис за ново задолжување на Македонија на домашниот пазар.

Својствено за Груевски, тој се скри зад Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и не им одговори на граѓаните кој е кумот на неговиот налог за ново задолжување.

Задолжувањето е објавено во ден кога оставката на Ставрески е веќе депонирана, а новиот министер се уште официјално не беше избран во Собранието.

Дали Ставрески заминал од министерската фотелја во стилот во којшто 10 години верно работеше за фамилијата, оставајки зад себе потпис на ново задолжување што ќе го спроведе неговиот наследик?

Дали Ставрески го овластил заменикот во Министерството за финансии да стави потпис на новото задолжување за коешто знаел пред да замине?

Груевски си дозволи да зборува за државна тајна, иако задолжување со еврообврзница е нешто за што се одлучува на затворена седница на Владата.

Можеби лично Груевски отишол и во Министерството за финансии да ги потпише проспектите за аукцијата закажана за 21.06.2016 со коишто државата и граѓаните повторно се задолжуваат.

Се работи за редовна аукција согласно објавениот календар на аукци, но за секоја аукција посебно, со одлука потпишана од министерот за финансии се одредуваат висината на задолжувањето, каматата и роковите.

Новиот министер за финансии не собра храброст да им признае на граѓаните со чиј потпис за 4 дена ќе бидат повторно задолжени.

Од Министерството за финансии изгледа мора да молчат.

Бидејки кумовите Груевски и Ставрески кријат, а недозволиво за државни пари крие и Министерството за финансии, гувернерот Богов, како овластен агент за аукциите на домашниот пазар е должен да ја открие кумската ујрурма.

Со чиј потпис Димитар Богов ги добил проспектите што се објавени и на веб страната на Народната банка, прашуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа